Fichas
KVIZ
Fichas del conjunto (12)
- 1Трансформирај ги речениците во бесврзнички: Мирјана ми е лута бидејќи не дојдов вчера. Кога ќе дојдеш,тогаш ќе разговараме.Мирјана ми е лута, не дојдов вчера.
Ќе дојдеш, ќе разговараме. - 2Трансформирај ги речениците во сврзнички: Дојди, ќе добиеш подарок. Доаѓа пролетта, затопли времево.Дојди и ќе добиеш подарок.
Доаѓа пролетта затоа затопли времево. - 3Каков е односот меѓу дел-речениците во сложената реченица: Крвта му шумеше во главата додека се обидуваше да го пронајде оружјето.-зависен однос;
- 4Каков е односот меѓу дел-речениците: Крушево гореше и светеше во ноќта.-независен
- 5Употреби сврзник за да добиеш зависносложена реченица: Учи, ќе знаеш. (може да се менува редоследот на дел-речениците и глаголските форми)Учи за да знаеш.
Ќе знаеш ако учиш. - 6Употреби сврзник за да добиеш независносложена реченица: Учи, ќе знаеш.Учи и ќе знаеш.
Учи, па ќе знаеш. - 7Определи во кој вид сложени реченици спаѓа реченицата: Доаѓаше повремено, ќе ги ѕирнеше низ прозорецот, долго ќе ги гледаше,па тивко ќе заминеше.незвисносложена, сврзничка.
- 8Определи го видот на сложената реченица: Кога врне, тргнувам по улицата за да уживам во дождот.зависносложена, сврзничка
- 9Определи ги дел-речениците: Утрово полека одев покрај езерото,кога одненадеш се намурти небото, почнаа да секаат молњи, а езерото почна да дивее.Утрово полека одев покрај езерото/1
кога одненадеш се намурти небото/2
почнаа да секаат молњи/3
а езерото почна да дивее./4 - 10Определи ги дел-речениците: Низ бескрајот патуваат моите мисли за да ги достигнат твоите чекори, но полека јас ја губам силата.Низ бескрајот патуваат моите мисли/1
за да ги достигнат твоите чекори,/2
но полека јас ја губам силата./3 - 11Состави сложена реченица со независен однос од речениците: Надвор врне. Земам чадор.Надвор врне и земам чадор.
Надвор врне, па земам чадор. - 12Состави сложена реченица со зависен однос од речениците: Надвор врне. Земам чадор.Штом надвор врне, земам чадор.
Ако надвор врне, земам чадор.