|
|
Created by Emilija Blazeska
almost 12 years ago
|
|
| Question | Answer |
| Пронајди ги дел-речениците во следнава реченица: „Вчера заминав од училиште бидејќи ме болеше главата.“ | Првата дел-реченица е „Вчера заминав од училиште“, а втората е “бидејќи ме болеше главата.“ |
| Според составот каква е оваа реченица: „Тој беше преморен од долготрајната работа во каменоломот под жешкото августовско сонце“ | Проста реченица |
| Пронајди го удвоениот директен предмет во реченицата: „Тој му ја даде книгата на Марко за да ја прочита до утре.“ | ја, книгата |
| Определи ги прилозите во речениците: „Вчера отидовме во Скопје. Тој тивко се прикрадуваше до оградата. понатаму веќе не можеше. | вчера, тивко, понатаму |
| Најди ги придавките во реченицата: Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше. | убавата, вредна |
| Каква функција врши придавката вредна во реченицата:„Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше“. | именски дел на прирокот |
| Дополни ја реченицата за да има предлошки предмет: „Тие разговараа.......“. | за него, за делото, за предметот |
| Каква функција врши именката во реченицата: „Ја видов Билјана“. | директен предмет |
| Определи ги дел-речениците: „Крушево гореше и светеше во ноќта“ | „Крушево гореше“ „светеше во ноќта“ |
| Најди го индиректниот удвоен предмет во реченицата: „Ним им беше сеедно што ќе кажат соседите“ | ним,им |
| Кои се кратки и долги заменски форми за индиректен предмет за женски род, еднина | нејзе, и’ |
| Каква функција врши показната заменка во реченицата: „Плачат оние планини за мене“ | дел од подметот |
Want to create your own Flashcards for free with GoConqr? Learn more.