Mind map
Стариот татко,Белоруска народна приказна
Map content
Стариот татко,Белоруска народна приказна
Во старо време било вака: кога ќе остарел некој татко, синот го носел во шумата и го оставал таму за да го изедат ѕверовите. Но, на еден син му паднало жал за својот стар татко, па наместо да го однесе во шумата, го скрил во домот за да го догледа до крајот на животот.
- Времето минувало и никој не знаел дека синот си го чува татка си дома. Набргу се случила несреќа! Градот ги уништил посевите и луѓето немале жито за нова сеидба. Никој не знаел што да прави. Но, тогаш таткото го посоветувал синот да побара житни зрна во покривите на плевните. И тоа, во онаа слама на покривот, каде што најмногу се задржуваат врапчињата.
- Синот им кажал на другите луѓе и навистина, тие нашле доволно жито за да си ги насеат нивите. Кога го прашале од каде знаел што да направи, тој им ја кажал вистината за татка си. Им рекол дека татко му го советувал така. Луѓето, тогаш сфатиле дека постарите се помудри од нив, па оттогаш повеќе не ги носеле в шума, туку ги оставале дома и ги почитувале до крајот на нивниот живот.